18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМакошпед АД Скопје прикажа позитивен финансиски резултат за периодот Jануари – Септември...

Макошпед АД Скопје прикажа позитивен финансиски резултат за периодот Jануари – Септември 2018

Макошпед АД Скопје за периодот Jануари – Септември 2018 година оствари добивка  во износ од 9.974 илјади денари  искажана во неревидираниот Биланс на успех.

Остварените вкупни приходи за период Јануари – Септември 2018 година изнесуваат 63.338 илјади денари и во споредба со остварените вкупни приходи за истиот период 2017 година  бележат зголемување од 19%.

Оперативните приходи изнесуваат 56.033 илјади денари и бележат пораст од 18% во однос на оперативните приходи за истиот период 2017 година. Истите учествуваат со 88% во вкупните приходи.

Финансиските приходи изнесуваат 7.305 илјади денари и бележат раст во однос на финансиските приходи за истиот период 2017 година .

Вкупните расходи за период Јануари – Септември 2018 година во износ од 53.067 илјади  денари бележат намалување  од 4% во однос на вкупните расходи  за истиот период  2017 година. Оперативните расходи во периодот Јануари-Септември 2018 година изнесуваат 52.130 илјади денари и истите се намалени за 5% во однос на истиот период  од 2017 година.

Финансиските расходи изнесуваат 937 илјади денари и бележат пораст во однос на финансиските расходи за истиот период 2017 година.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП