13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Јуанот ќе се зголеми за 500 проценти во наредните децении“

„Јуанот ќе се зголеми за 500 проценти во наредните децении“

juani1

Кинеската валута е одлична долгорочна инвестиција. Со потенцијален раст од 500 проценти во наредните децении, јуанот ќе стане глобална резервна валута, смета еден од екпертите на финансискиот пазар Џим Роџерс.

Изјавата на Роџерс дека вредноста на кинеската валута ќе расте за 300, 400 и 500 проценти во наредните 20 до 30 години предизвика полемики во кинескиот девизен сектор.

„Триесет години е долг период. Тешко е да се предвиди правецот на движење на јуанот. Вредноста на валутата е веќе преценета и тоа влијае на состојбата на кинеската економија“, изјави Тан Јалинг, директор на Институтот за истражување на финансиските пазари.

Динг Зихије, директор на Школата за банкарство и финансии на Универзитот за меѓународен бизнис, се согласи со Роџерс дека јуанот ќе стане премногу силна валута во наредните 30 години, но се сомнева дека таа како глобална валута ќе го замени доларот.

„Јуанот ќе биде важна меѓународна валута. Се додека кинеската економија расте а инфлацијата се држи под контрола, вредноста на националната валута ќе расте“, вели Динг Зихије.

Централната банка на Кина строго ја контролира флуктуацијата на јуанот, кој може да варира еден процент повисоко или пониско во однос на еднаквоста на цените, која сега изнесува околу 6,162 во однос на доларот.

Многу аналитичари сметаат дека јуанот наскоро ќе го премине прагот од 6 јуани за долар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП