
Штетата од големите поплави во Италија би можела да надмине една милијарда евра, според владините податоци.


Штетата од големите поплави во Италија би можела да надмине една милијарда евра, според владините податоци.
Лошото време кое ја погоди Венеција и регионот на Сицилија во текот на викендот, придонесе за загуба на најмалку 8 човечки животи.
На социјалните мрежи продолжуваат да се шират снимки на домаќинствата на кои им се поплавени домовите, пабовите и улиците со кал и паднатите дрвја.
Италијанскиот заменик-премиер Матео Салдини го посети Белуно во северна Италија, каде што илјадници дрвја беа откорнати од невремето во последниве денови.
Голема шума на борови и смрека буквално била искоренета од ураганскот ветер и поплавите, пренесуваат светските агенции.