4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЏек Ма: Трговската војна е најглупавото нешто во светот

Џек Ма: Трговската војна е најглупавото нешто во светот

Коосновачот на кинеската технолошка компанија „Alibaba“, Џек Ма тврди дека трговската војна е бесмислена и уште еднаш се изјасни цврсто против конфликтот меѓу Вашингтон и Пекинг, соопштува „Bloomberg“.

Најбогатиот човек во Кина, кој пред еден месец предупреди дека трговската војна може да трае две децении, коментира дека е бесмислено да се наметнуваат царини на увоз на стоката, бидејќи азиската земја се претвора во најголемиот купувач на странски производи од целиот свет. Интернет-услугите исто така создаваат нови работни места, рече претседателот на „Alibaba“ на бизнис-форумот во понеделникот.

Ма, кој ја претставува најголемата компанија за онлајн трговија во Кина, е познат критичар на мерките и контрамерките на Пекинг и Вашингтон, кои влијаат на стоки во вредност од стотици милијарди долари.

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека на претстојната средба со претседателот на Кина Си Џинпин, која ќе се одржи во текот на следните недели, е можно да се дојде до договор меѓу двете најголеми економии во светот. И покрај изјавата на Трамп, земјите остануваат поделени на голем број прашања, вклучувајќи го пристапот до пазарите и поддршка од владата на државните претпријатија во Кина.

„Трговската војна е најглупавата работа во светот“, рече Ма на Шангајскиот меѓународен форум.

Изјавата на Ма беше дадена неколку дена пред најважниот настан во годината за „Alibaba“ – „The Day of Lonely Heart“. На празникот што е многу популарен во Кина, „Alibaba“ нуди специјални понуди и одлични попусти на своите платформи за онлајн шопинг.

Голем дел од приходите на „Alibaba“ се генерирани од локалната трговија, но компанијата нуди различни странски брендови, како што е „Најк“.

„Кина да стане непобедлив глобален играч е еден од најголемите предизвици со кои се соочува земјата“, рече Ма.

Во октомври, ко-основачот „Alibaba“ рече дека има потенцијални закани за Светската трговска организација. Милијардерот тогаш забележа дека претседателот Трамп се обидува да го смени меѓународниот трговски систем за од тоа корист да има САД. Трамп предупредува дека САД може да излезе од Светската трговска организација, бидејќи тоа е „нефер“ според неговите зборови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП