3 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЗошто ве напуштаат вработените?

Зошто ве напуштаат вработените?

Многу работи во бизнисот стануваат скапи и штетни со заминувањето на вработените.

Вработените лица кои го достигнале максимумот во вашата компанија и вашиот бизнис го водат без никаков проблем заслужуваат големо внимание, тоа се вашите талентирани работници кои не смеете да ги запоставите, од нив зависи и успехот на вашиот бизнис.

Ако запрашате некои од лидерите, дали развиваат таленти во компаниите, сите ќе кажат „да“. Како и многу работи во светот на бизнисот, и кај развојот на овие вештини има премногу теорија а премалку пракса која се темели на искуството.

Иако многумина од работодавците веруваат дека талентираните работници се задоволни со својата положба во компанијата, истражувањето кое го направи магазинот Форбс, покажало дека преку 30 проценти од вработените веруваат дека во наредната година ќе работат на друго работно место. Повеќе од 40 проценти од вработените не го почитуваат својот претпоставен, а 50 проценти од нив имаат различни вредности од својот работодавец. Преку 60 проценти од испитаниците сметаат дека нивната кариера и нивните цели не се складни со она што им го наметнува претпоставениот и преку 70 проценти од нив сметаат дека работодавачите не ги ценат.

Резултатите од истражувањето покажуваат како работодавците можат да ги преиспитаат своите уверувања. Вработените кои доброволно ја напуштаат компанијата, си одат бидејќи не успеале да се поврзат со својот претпоставен. Факт е дека вработените кои се наградувани, кои сметаат дека работодавецот ги почитува и ги ангажира околу важни работи, ретко ја напуштаат компанијата.

За да спречите талентираните вработени да ја напуштат компанијата, Форбс ви нуди 10 совети.

1.Не сте дозволиле нивниот талент и страст да се ослободат 

Паметните компании ја забележуваат страста на вработените кон некои тематики и го ускладуваат тоа со корпоративните работи и цели. Ако не дозволите развој на овие таленти, големи се шансите вработените да заминат во други компании каде што ќе можат да покажат колку навистина вредат.

2.Не сте го поттикнале нивниот ум

Паметните луѓе не сакаат да живеат во затворена и ограничена средина. Ако не го предизвикате нивниот интелект, ќе ве напуштат за оние кои се подготвени за тоа.

3.Не сте ја поттикнале нивната креативност

На секоја креативност и е потребно место за напредок, развој и подобрување. Таквите луѓе треба да бидат вклучени во дизајнот. Нив не треба да ги затворате во оквири, туку да им дозволите да внесат промени во монотонијата.

4.Не сте работеле на развивање на нивните вештини

Колку и да е некој талентиран и паметен, треба да се развива и созрева во својата работа. Ако го ограничите нивниот развој, ќе заминат таму каде што ќе им се пружи прилика за тоа.

5.Не сте ги слушале

Талентираните луѓе имаат добри идеи. Ако не ги слушате, некој друг ќе ги слуша.

6.Не сте покажале внимание

Секако, луѓето доаѓаат на работа за да заработат пари за живот. Но, ако немате слух за нивните емоции, со тек на време ќе заминат таму каде што ќе мислат и на тој сегмент во работењето, без оглед на платата која им ја даваат.

7.Лош лидер сте

Не пропаѓаат бизнисот, производите и проектите, туку лидерот. Најдобар доказ е отсуството на претпоставените од компанијата. Кога ги нема компанијата и понатаму функционира и работата си тече. Ако не се поставите како добар лидер, вработените ќе побараат некој друг да ги води.

8.Не сте го признале нивниот труд и работа

Најдобрите лидери не си ги земаат заслугите за себе, туку им ги препишуваат на вработените. Не признавањето на туѓата работа, покрај тоа што е крајно безобразно и арогантно, е и најдобар начин да ги испратите во некоја друга компанија.

9.Не сте ја зголемиле нивната одговорност

Луѓе со радост би прифатиле повеќе одговорност и работа, бидејќи тоа значи дека сте ја приметиле нивната важност како поединци, а не само како уште еден број на хартијата.

10.Не ги исполнувате дадените ветувања

Ако ветите нешто, исполнете го. Ако ја уништите довербата меѓу вас како лидер и вработените, ќе ја изгубите и нивната доверба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП