30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Русите гo вртат грбот на вотката

График на денот: Русите гo вртат грбот на вотката

Во последните години се повеќе и повеќе Руси се оддалечуваат од националниот пијалок, насочувајќи се кон пивото и виното, пишува „Statista“.

Сепак, вотката останува главен дел од културата на земјата – нешто што има особено лоши последици кај мажите во Русија.

Според неодамнешните податоци на Светската здравствена организација 30% од сите возрасни мажи консумирале повремено поголеми количини алкохол во последниот месец.

Прекумерната потрошувачка на алкохолни пијалоци кај мажите води до просечен животен век од само 64 години, што е прилично под податоците во остатокот од Европа. Графикот подолу ги користи податоците на Светската здравствена организација за да покаже како се менува состојбата.

По распадот на СССР потрошувачката на вотка го достигнува својот врв во 1995-та година, потрошувачката на чисти алкохолни пијалаци изнесува скоро 9 литри по глава на жител. Оваа година потрошувачката на пиво и вино по глава на човек достигна 1,54 и 0,91 литар чист алкохол, соодветно.

Во 2016-та година, потрошувачката на алкохол по глава на жител изнесуваше 3,25 литри. Во меѓувреме нивоата на конзумирани пиво и вино бележат стабилен раст и дури се пред вотката.

Оваа промена е поврзана со многу фактори. Зголемувањето на цените на алкохолот и обидите да се воведат подобри регулативи, сигурно влијаеа, намалувајќи го пиењето во целина. Пивото исто така станува се повеќе и повеќе популарен напиток.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП