2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во Турција во октомври 25 отсто

Инфлацијата во Турција во октомври 25 отсто

Стапката на инфлација во Турција се зголеми во октомври до 25 отсто, според официјалните податоци објавени денеска, што е на највисоко ниво во последниве 15 години и е резултат на актуелното влијание на валутната криза низ целата економија, пренесува Ројтерс.

Во споредба со септември, потрошувачките цени се зголемија за 2,67 отсто во октомври, покажуваат податоците на Турскиот институт за статистика.

За таквиот голем пораст на инфлацијата во октомври, најмногу влијаеше зголемување на цените на облеката и обувките за 12,74 отсто на месечно ниво и повисоките цени на становите за 4,15 отсто, според статистичките показатели.

Лирата негативно реагираше на инфлацискиот извештај, ослабувајки во однос на доларот. Турската валута неодамна закрепна, по распродажбата од страна на инвеститорите  поради стравот од независноста на централната банка и спорот меѓу Вашингтон и Анкара поради апсењето на американскиот свештеник Ендрју Бренсон во Турција.

Минатиот месец, Турската централна банка ја остави референтната каматна стапка на исто ниво, поради намалување на тензиите со САД по ослободувањето на свештеникот Бренсон.

Влијанието врз економија се уште се чувствува по остриот пад на лирата, имајќи предвид дека клучните индикатори, како што се потрошувачката и економската доверба паднаа на најниско ниво и дека владата ги намали своите предвидувања за раст за следните три години.

Производствените цени се зголемија за 0,91 отсто во октомври на месечно ниво, додека тие скокнаа за 45,01 проценти годишно, според британската агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП