14 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтапија на сила американските санкции за Иран, Техеран најави кршење на истите

Стапија на сила американските санкции за Иран, Техеран најави кршење на истите

Американските санкции за Иран, кои првично беа укинати со потпишувањето на нуклеарниот договор во 2015 година, денеска повторно стапија на сила.

По стапувањето на сила на санкциите, официјален Техеран објави дека ќе ги прекрши и ќе продолжи да ја продава својата нафта.

„Америка сакаше да ја доведе продажбата на иранската нафта на нула … но ние ќе продолжиме да ја продаваме нафтата … да ги кршиме санкциите”, изјави иранскиот претседател, Хасан Рохани за време на состанокот со економистите во земјата кој државната иранска телевизија го пренесуваше во живо, објави Ројтерс.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео, ги бранеше санкциите наметнати врз Иран, од критиките на конзервативците кои тврдат дека треба повеќе да се направи за да се изолира оваа земја.

Помпео во интерјву за „Фокс њуз сандеј“ одби да открие кои земји се изземени од санкции, со цел да продолжат да увезуваат иранска нафта.

Шефот на американската дипломатија тврди дека и покрај исклучоците, санкциите веќе имале големо влијание и додаде дека политиката на максимален притисок ќе биде ефективна од денес.

Американскиот претседател Доналд Трамп ги повлече САД од нуклеарниот договор со Иран претходно оваа година и почна да наметнува санкции за Техеран. Помпео вели дека санкциите имаат за цел да го променат однесувањето на иранскиот режим, особено во однос на поддршката кон групите како Хезболах.

Трамп вчера изјави дека санкциите кон Иран се најсилни во САД досега.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП