9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПротести во Бугарија против цената на горивото

Протести во Бугарија против цената на горивото

Протести се одржаа викендов во неколку градови во Бугарија, на кои што граѓаните на најсиромашната земја-членки на ЕУ се спротивставија на зголемувањето на цените на горивото, објави Радио БНР.

Околу 200 демонстранти еден час го блокираа патот што ги поврзува Бугарија и Грција на југозапад. Демонстрантите носејќи црни знамиња протестираа пред бензиските пумпи и во другите делови на земјата.

Движењето за цената на горивото, исто така, ќе зависи од санкциите на САД за Иран, кои ќе стапат на сила утре, а ќе го погодат и енергетскиот сектор, велат аналитичарите. Цените на нафтата се зголемија од август до октомври за пет отсто во ЕУ.

Демонстрантите изјавија дека цените на горивото – 1,2 евра за литар дизел и 1,9 евра за литар бензин, не се многу во согласност со просечната плата од 575 евра во Бугарија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП