21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзменет сообраќаен режим до гробиштата во Бутел, Камник и Ѓорче Петров

Изменет сообраќаен режим до гробиштата во Бутел, Камник и Ѓорче Петров

Поради празникот Задушница за време на викендот во периодот од 6 до 16 часот ќе има изменет сообраќаен режим до гробиштата во Бутел, Камник и Ѓорче Петров.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека сообраќајот до гробиштата Бутел ќе се одвива кружно односно сите возила ќе се упатуваат по улицата „Александар Урдаревски“ по локалниот пат за селото Мирковци до влезот за гробиштата на улицата „Боца Иванова“, а ќе се излегува по улицата „Александар Урдаревски“.

По потреба сообраќајот ќе биде пренасочен и на гробиштата Ѓорче Петров по улицата „Црногорска“, а на гробиштата „Камник“ по улицата „Јужноморавски бригади“ и улицата „Роман Каскалиевиќ“.

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите од полицијата и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП