18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропските печалбари ја движат германската економија

Европските печалбари ја движат германската економија

Доаѓањето на нови работници во Германија од другите земји членки на Европската Унија влијаело на зголемување на економскиот просперитет на земјата, во просек за 0,2 отсто на годишно ниво, во периодот од 2011 до 2016 година, пишува „Дојче веле“.

Поради ова, германските експерти препорачуваат олеснување на германските административни процедури за признавање на стручноста на работниците кои доаѓаат во Германија.

Во најновата студија од страна на Германскиот институт за економски истражувања (DIW), со седиште во Берлин, се проценува дека најголем пораст е забележан во 2015 година, кога најголем број работници од други земји на ЕУ дошле во Германија.

Од 2011 година, бројот на работници од другите членки на Унијата кои се преселиле во Германија достигна просек од 720 000 годишно или вкупно над 5,1 милиони.

Овој тренд станал актуелен во 2011 кога граѓаните на ЕУ добиле можност да бираат каде да живеат и да работат во рамки на Унијата.

Граѓаните на Бугарија, Романија и Хрватска ја добиеле оваа можност нешто подоцна, односно во 2014 и 2015 година, кога е забележан и најголем прилив на работници.

Главната причина за ваквата миграција во рамки на границите на ЕУ е лошата економска состојба во земјите од каде што доаѓаат работниците, се наведува во истражувањето на DIW.

Авторот на студијата, Мариус Клеменс, вели дека Германија треба да вложи поголеми напори за да биде атрактивна за работниците од другите европски земји бидејќи во меѓувреме останатие земји од еврозоната забележуваат подобри економски показатели.

Тој смета дека е важно работниците да добијат повеќе можности за работа што одговара на нивните квалификации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП