28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНад 50 претставници на компании учесници на Бизнис средба во Индустриска зона...

Над 50 претставници на компании учесници на Бизнис средба во Индустриска зона Визбегово

Бизнис средба во организација на здружение на стопанствосопственици во Индустриска зона Визбегово – Стенковец

Вчера напладне во Индустриската зона Визбегово, се одржа Бизнис средба на компаниите и членките од здружението и самата зона.

Бизнис средбата имаше за цел запознавање и вмрежување на сите компании и нови членки во Здружението на Индустриска зона Визбегово – Стенковец, претставување на активностите кои здружението ги презеде изминатата година за унапредување и подобрување на условите за стопанисување на стопанските субјекти со седиште во Индустриска зона Визбегово. На средбата беа претставени идните проекти и годишната програма кои следат во 2019 година.

Здружението континуирано се залага и презема активности чија цел е зајакнување на економијата и подобрување на условите на компаниите во Индустриската Зона Визбегово како и за создавање на услови за меѓусебно стопанско поврзување на членовите и заеднички настап на деловните субјекти на домашниот и странски пазар. Дополнително на средбата беа дискутирани и проблемите, пред сѐ проблемот со магистралниот пат кој практично создава проблеми во секојдневната сообраќајна комуникација на компаниите и нивните клиенти, како и состојбата со водоводот и канализацијата. Се зазеде став за понатамошна средба со одговорните и надлежни институции во кои сите членки во здруженито ќе се заложат за промена на состојбите.

На настанот присуствуваа повеќе од 50 претставници на компании од зоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП