28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел е за продолжување на санкциите на ЕУ против Русија

Меркел е за продолжување на санкциите на ЕУ против Русија

Германија ќе го поддржи продолжувањето на санкциите на Европската Унија кон Русија поради поддршка на силите на истокот во Украина, изјави канцеларката Ангела Меркел по разговорите со украинскиот претседател, Петро Порошенко, во Киев.

Таа како причина го наведе и отсуството од напредок во исполнување на мировниот договор од 2015 година, пренесе АП.

Мировниот договор потпишан во Минск помогна да се намали обемот на немири, но борбите продолжија, а заостана изнаоѓањето политичко решение. Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за ваквата ситуација.

Порошенко ја повика Русија да ги повлече силите и оружјето од истокот во Украина, додека Русија негира дека таму има испратено сили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП