30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија, Индија и Иран сакаат да создадат алтернативна трговска рута на Суецкиот...

Русија, Индија и Иран сакаат да создадат алтернативна трговска рута на Суецкиот Канал

Русија, Индија и Иран ќе се состанат подоцна месецов за да разговараат за функционирањето на 7 200 км долгиот Меѓународен транспортен коридор север-југ (INSTC) кој се смета за поевтина и покуса алтернатива на традиционалната рута низ Суецкиот Канал, пренесува иранската Прес ТВ.

Индиското Министерство за трговија и индустрија го нагласи INSTC како најкуса мултимодална транспортна врска што ги поврзува Индискиот Океан и Персискиот Залив преку Иран до Русија и Северна Европа.

Новиот проект ќе вклучува и железнички и поморски транспорт. Индиската стока ќе биде доставена до иранскиот град Бандар Абас на брегот на Персискиот Залив, потоа до Бандар Анзали во близина на Каспиското Море од каде што ќе биде испратена преку Каспиското Море до рускиот град Астрахан, а потоа со железница до Европа.

Споредено со Суецкиот канал, INSTC ќе го намали времето за транспорт помеѓу Мумбај во Индија и рускиот главен град Москва за околу 20 дена. Во целина, новиот пат ќе ги намали времето и трошоците за испорака на стоки за повеќе од 40 отсто во споредба со Суецкиот Канал. Годишниот проценет капацитет на INSTC ќе изнесува помеѓу 20 и 30 милиони тони стока.

За време на состанокот со руската деловна делегација во Њу Делхи минатата сабота, индискиот министер за трговија и индустрија Уреш Прабу истакна дека сите проблеми може да се решат за да се операционализира рутата што е можно побрзо. Првите две пробни испораки преку новиот транспортен коридор беа спроведени во август 2014 и април 2017 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП