18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСекој петти жител на Германија на работ на сиромаштија

Секој петти жител на Германија на работ на сиромаштија

Во Германија, и покрај економскиот подем и рекордно ниската стапка на невработеност, 19 проценти од населението живее на работ на сиромаштија, објави Федералната канцеларија за статистика.

Иако ситуацијата се менува на подобро во споредба со 2016 година, сепак, 15,5 милиони германски граѓани живеат на работ на сиромаштија. Во Германија ова се однесува на оние граѓани кои месечно имаат на располагање помалку од 60 проценти од просечниот месечен приход.

Конкретно, за едночлено домаќинство тоа значи 1096 евра месечно, а за едно четиричлено семејство со две деца 2302 евра.

Акутно сиромашни се сметаат многу помал број граѓани, 3,4 проценти. Луѓето кои не се во можност да плаќаат кирија, греење или комунални услуги се сметаат за акутно сиромашни.

Социјалните организации бараат пошироки мерки за борба против сиромаштијата, кои би вклучиле подобро регулирање на пазарот на трудот и намалување на обемот на работни места на одредено време.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП