6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВтор јавен повик за субвенции за набавка на печки на пелети

Втор јавен повик за субвенции за набавка на печки на пелети

Градот Скопје објави јавен повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Скопје за набавка на печки на пелети за 2018 година, втора фаза.

Градот Скопје, со цел да ги стимулира жителите на Скопје (домаќинствата) за примена на почисто гориво и поквалитетни печки за затоплување на своите домови, кои имаат повисока енергетска ефикасност и пониски емисии во воздухот, на жителите кои ќе купат печки на пелети од денот на објавување на јавниот повик ќе им надомести дел од трошоците направени при набавка на печка на пелети во висина од 70%, но не повеќе од 30 000 денари, со вклучен персонален данок на доход по домаќинство.

Јавниот повик трае 30 календарски дена од денот на објавувањето (1 ноември 2018 година) заклучно со 30 ноември 2018 година или до исцрпување на предвидените финансиски средства од буџетот на Град Скопје за оваа намена.

Јавниот повик ќе се реализира по принципот „прв дојден прв услужен“.

Право на учество на јавниот повик имаат жителите на Скопје кои ќе купат печка на пелети за затоплување на своето домаќинство (станбен објект) од денот на објавувањето на јавниот повик до денот на завршувањето на повикот и ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за набавка на печка на пелети. На јавниот повик немаат право на учество жителите (домаќинствата) кои имаат станбен објект со приклучок на градско централно греење, без оглед на тоа дали го користат, како и жителите (домаќинствата) кои имаат станбен објект во фаза на градба и не живеат во истиот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП