4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во еврозоната највисока во последните шест години

Инфлацијата во еврозоната највисока во последните шест години

Инфлацијата во еврозоната во октомври порасна на највисоко ниво по речиси шест години, пред сѐпоради скокот на енергентите.

Инфлацијата годинава, заклучно со октомври, порасна на 2,2 проценти, покажаа податоците на „Евростат“.

Октомвриската стапка на инфлација е најголема од декември 2012 година, кога изнесуваше исто 2,2 проценти.

Стапката на невработеност во еврозоната, според податоците на „Евростат“, се задржа на 8,1 процент во септември, што е најниско ниво од ноември во 2008 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП