21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоминик Раб: Договор со ЕУ за брегзит до 21 ноември

Доминик Раб: Договор со ЕУ за брегзит до 21 ноември

Британскиот министер за брегзит, Доминик Раб, пред пратениците во Лондон изјави дека очекува договорот за збогување со Европската Унија да биде постигнат пред 21 ноември.

Тој на членовите на парламентарниот одбор за излегување од ЕУ им порача дека ќе им даде информации кога договоорт ќе биде завршен и дека очекува тоа да се случи при крајот на ноември.

Велика Британија треба да излезе од ЕУ на 29 март, но Лондон и Брисел сè уште не постигнале договор за условите за брегзит. Застојот ги поттикна стравувањата дека Велика Британија би можела да замине од ЕУ без договор, што би можело да доведе до хаос во сообраќајот и економски турбуленции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП