6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААтина и Скопје по десет години ја обвновуваат авионската линија

Атина и Скопје по десет години ја обвновуваат авионската линија

По 10 години пауза, Атина и Скопје денеска ја обновуваат дирекната авионска линија. Претходно од 2003 година неколку години постоеше директно авионско поврзување меѓу Скопје и Атина, со редовна линија, пет пати седмично, коешто беше прекинато.

На аеродромот во Скопје во 18 часот ќе биде одбележано воспоставувањето на директните летовите од страна на грчката авиокомпанија „Ејџиан ерлајнс“. На настанот се најавени обраќања на министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, директорот за земски операции во „Ејџиан ерлајнс“, Панос Николаидис, и на генералниот директор на ТАВ Македонија, Алпер Ерсој.

На аеродромот во Атина, од каде ќе полета првиот лет кон Скопје по 10 години, ќе присуствува заменик-претседателот на Владата, Бујар Османи, кој ќе се врати назад со истиот лет и ќе биде дел од домашната свеченост. Османи претходно во Атина ќе се сретне со заменик-министерот за надворешни и европски работи на Грција, Јоргос Катругалос.

На новата авиолинија, согласно со зимскиот ред на летање, ќе се реализираат летови двапати неделно, секој вторник и четврток. Авионот во вторник од Атина ќе тргнува во 9 часот по локално време, а во 9:45 од Скопје по македонско време. В четврток летот од грчкиот главен град е во 18:40 часот, а од македонската во 19:25 часот. Од Скопје до Атина, и обратно, летот ќе трае 1 час и 15 минути.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП