27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕлон Маск интензивно купува акции на „Тесла“

Елон Маск интензивно купува акции на „Тесла“

Елон Маск купи акции на „Тесла“ во вредност од 10 милиони долари и планира да купи уште за 20 милиони долари во следната недела, објави Си-ен-би-си. Тој откупи 29.844 акции за горенаведените 10 милиони долари, сега поседува околу 20 проценти од акциите на компанијата.

Инаку, Маск вети дека ќе купи акции за 20 милиони долари откако беше казнет од страна на регулаторната агенција (Американската комисија за хартии од вредност) поради твитање за Тесла. Маск за време на спорното твитање навести дека сака да ја купи целата компанија, но наскоро потоа се откажа, што, пак, регулаторното тело го оцени како обид за измама.

Според договорот со регулаторната агенција, Маск и компанијата мора да платат казна во износ од 20 милиони долари, секој одделно, а вториот извршен директор мора да ја води компанијата најмалку три години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП