11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАDoing Business 2019: Македонија 10-та во светот

Doing Business 2019: Македонија 10-та во светот

Македонија со скок од една позиција на рангирањето Doing Business на Светската Банка. Земјава е на првото место во регионот, на третото во Европа и на десеттото во светот според леснотијата за водење бизнис.

Сепак, според штотуку објавениот извештај Македонија направила напредок само во две, но има стагнација или уназадување во сите други категории.

Назадување од 25 позиции има кај процедурите за почнување бизнис (од 22 на 47 место), од 4 позиции кај приклучокот за електрична енергија (од 53 на 57), од 3 позиции кај заштитата на малцинските акционери (од 7 на 4), од 2 позиции кај плаќањето данок (од 29 на 31), од 2 позиции кај прекуграничната трговија (од 27 на 29), од 2 позиции кај спроведувањето договори (од 35 на 37),

Напредок е остварен кај издавањето градежни дозволи за 13 позиции (од 26 на 13), регистрацијата на имот за 2 позиции (од 48 на 46).

Нема промени во категориите добивање кредит (12) и справување со неликвидноста (30).

Според извештајот во топ десет држави според леснотијата на водење бизнис се Нов Зеланд, Сингапур, Данска, Хонг Конг, Јужна Кореја, Грузија, Норвешка, Соединетите Држави, Обединетото Кралство.

К. Н.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП