22 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗМестото каде што настанува магијата: Погледнете ја фабриката на Lamborghini (видео)

Местото каде што настанува магијата: Погледнете ја фабриката на Lamborghini (видео)

Сите модели на овој производител на суперспортски автомобили се изработуваат во италијанскиот град Сант’ Агата.

Покрај „Ferrari“, „Lamborghini“ е најпознатата италијанска марка на суперавтомобили. Во последниве години овој производител бележи постојан раст на продажбата и производството, а по долг период во кој гамата на модели на „Lamborghini“ ја сочинуваа две имиња – пристигна и трет, кросоверот „Urus“.

Во првата половина од 2018-та продажбата забележа раст од 11 отсто во споредба со истиот период од 2017-та. Па така во првите шест месеци од оваа година на купувачите ширум светот им беа испорачани 2.327 автомобил. Од нив најмногу примероци се од моделот „Huracan“ – дури 1.604 единици, „Aventador“ со 673 возила, a останатите 50 примероци се од моделот „Urus“.

Комплетното производство на „Lamborghini“ се одвива во местото Сант’ Агата, во Италија. Пред да биде претставен моделот „Urus“ во 2017-та, фабриката беше проширена и незиниот капацитет сега изнесува 8.000 возила годишно.

Тоа е можеби скромен резултат, доколку се спореди со продукциите на компании кои изработуваат автомобили за широката маса, но треба да се има во предвид дека тука станува збор за егозтични суперспортски модели кои чинат по неколку стотици илјади евра, но и повеќе.

Во тој контекст, планираното производство на „Lamborghini“ од 8.000 примероци годишно, тоа е голем успех особено ако се знае дека конкурентите во оваа класа на автомобили главно прават помалку – исклучок е „Ferrari“ со годишна продажба од околу 7.000 единици, но со поголем број модели во понудата.

Како настануваат моќните суперавтомобили на „Lamborghini“ можете да погледнете во видеото на јутјуберот „Mr JWW“ кој беше гостин на овој италијански производител:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП