7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНоќта на вештерките носи приходи за австриската економија

Ноќта на вештерките носи приходи за австриската економија

Ноќта на вештерките (31 октомври) е сè попопуларен празник во Австрија, каде што носи големи приходи за економијата.

Во пресрет на Ноќта на вештерките, побарувачката за слатки, костуми, маски и шминка, како и декоративни предмети е прилично висока.

Прехранбената индустрија во земјата исто така со задоволство го исчекува овој ден, кој иако не е дел од австриската традиција, е важен во календарот, пред сè за младите луѓе.

Австриската економија очекува приходи од околу 42 милиони евра за годинашната Ноќ на вештерките.

„Тоа кореспондира со обртот што трговијата го оствари минатата година на овој ден“, вели Роман Зелигер, потпретседател на одделот за трговија при австриската стопанска комора.

Ноќта на вештерките дури ја зголемува и побарувачката на книги и други публикации, но исто така и на видеоигри бидејќи производителите издаваат специјални изданија токму за оваа пригода.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП