13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАССК: Со имплементација на стандарди до олеснет влез на европскиот пазар

ССК: Со имплементација на стандарди до олеснет влез на европскиот пазар

Домашните компании кои применуват европски стандарди имаат можност за излез на пазарот во Европа од над 500 милиони потрошувачи, беше истакнато на денешната прес-конференција на која потпретседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), Габриела Кулебанова, и директорот на Институтот за стандардизација на Република Македонија (ИСРМ), Џевад Кицара, потпишаа меморандум за соработка.

На настанот се дискутираше за важноста на европските стандарди и нивната примена за македонските компании со цел да бидат конкурентни на европскиот пазар.

„Компаниите во принцип купуваат стандарди претежно за квалитет ISOO 9001, 14001, но македонската индустрија веќе ја гледа потребата од употреба на европски стандарди и приспособување кон новите технологии, поточно замена на старата технологија со нова опрема која ќе биде паралелно изработена со европските стандарди за да може да излезат на европскиот пазар и да бидат конкурентни. Европските стандарди стануваат клучен елемент за промовирање на индустриската конкуренција, како и за овозможување појава на нови пазари и развивање нови технологии. Нивната примена значи елиминирање на трговските бариери и обезбедување поголема ефикасност. Самиот процес на стандардизација чини време, ресурси и средства, но крајната цел е зголемен извоз и конкурентност на компаниите, како и испорачување на подобри економски резултати“, изјави Кулебанова и додаде дека меморандумот дополнително ќе ја зацврсти соработката меѓу двете институции и ќе придонесе во што поуспешна имплементација на стандардите кај компаниите во нашата земја.

Директорот на ИСРМ, Кицара, рече дека компаниите треба да ја зајакнат својата свест дека воведувањето на стандардите ќе ја подoбри нивната конкурентност дома, a посебно на надворешниот пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП