3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОтворена регистрацијата за глобалниот инвестициски самит за Македонија 2013

Отворена регистрацијата за глобалниот инвестициски самит за Македонија 2013

sl

Македонија 2025 од 8-10 октомври ќе го одржи вториот Глобален инвестициски Самит за Македонија, а град домаќин повторно ќе биде Охрид. Тема на овогодинешниот самит ќе биде зајакнувањето на националната конкурентност со стимулирање на иновацијата, претприемништвото и трансферот на стручното знаење. Како приоритетни за Македонија во глобалното опкружување таргетирани се секторите: Инфраструктура, транспорт и развој на теле-комуникациската и информатичкатаинфраструктура; Природни ресурси, енергија и обновлива енергија; Производство, истражување и развој; Развој на човечки ресурси.

 

Од денес и официјално е отворена регистрацијата за учество на самитот на следниот линк: http://www.mgisummit.org/attendees.php?action=register

Сите заинтересирани компании и бизнис професионалци можат да ја искористат можностаи со раната регистрација до 30 јули да обезбедат свое учество по привилегирана цена.

 

Организаторот и оваа година очекува масовна посетеност со учество на повеќе од 300 македонски, компании од Дијаспората и други заинтерсирани странски инвеститори. Работната агенда ќе вклучува пет панели и повеќе настани за поврзување и дружење на учесниците. На задоволство на Македонија 2025 досега потврдени говорници на Самитот 2013 се: Мајк Зафировски – претседател на Македонија 2025, Др. Ченто Велјановски – Менаџер и Партнер во Кејс Асошиејтс, Др. Невенка Димитрова – Истражувач, Постар Директор на Филипс Центарот за Истражување, Министрите Веле Самак, Џери Наумоф и Иво Ивановски, Проф. Миле Терзиовски – Декан на Интернационалната Школа за Бизнис на Универзитетот Јужна Австралија, како и претседавачот и потпретседавачот на Самитот: Зоран Мартиновски и Ендрју Пејкоф.

 

На официјалната веб страница на самитот www.mgisummit.orgсе достапни повеќе детали за настанот, а канцелариите на Македонија 2025 во Скопје и Краун Поинт, САД се достапни за поддршка и информации за настанот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП