7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBerkshire Hathaway вложи 600 милиони долари во две „финтех“ компании

Berkshire Hathaway вложи 600 милиони долари во две „финтех“ компании

„Berkshire Hathaway“, позната по своите инвестиции во најголемите американски компании, вложила 600 милиони долари во две „финтех“ компании фокусирани на пазарите во развој – „Paytm“ и „StoneCo“, информира „The Wall Street Journal“.

Двете инвестиции беа направени од еден од топ менаџерите на компанијата, Тод Комбс.

Според „WSJ“, „Berkshire Hathaway“ вложил 300 милиони долари во „Paytm“ во август. Компанијата за мобилни плаќања во Индија тврди дека има повеќе корисници од „PayPal“ (300 милиони корисници) до денес.

Минатата недела, Ворен Бафет стекнал удел во бразилската платежна компанија „StoneCo“, која се случила преку акциите на компанијата на берзата.

Бафет обично инвестира во гиганти како „IBM“, „Coca Cola“ и „Wells Fargo“. Пред две години „Berkshire Hathaway“ купи дел од четирите најголеми авиокомпании по неколку години избегнување на овој сектор.

Традиционално „Berkshire“ не инвестира во компании кои се наоѓаат во рана фаза на развој, но не таков е случајот и со „Paytm“ и „StoneCo“ кои денес доминираат на локалните пазари.

По договорот за стекнување удел во „Paytm“, Тод Комбс веќе е член на одборот на директори на компанијата. Исто така е дел од одборот на „J. P. Morgan“.

Токму Тод Комбс и Тед Вишлер се основа на првичните вложувања на „Berkshire“ во „Apple“ во 2016-та година. Денес компанијата веќе има 251 милиони акции на „Apple“, што го прави втор најголем инвеститор.

Уделот на „Berkshire Hathaway“ во „Apple“ се проценува на над 53 милијарди долари, што е, исто така, е најголемата инвестиција на компанијата. Фондот има 111 милијарди долари кеш пари на крајот на половина година од 2018-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП