17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДанска бара ЕУ да воведе нови санкции против Иран

Данска бара ЕУ да воведе нови санкции против Иран

Данска од ЕУ ќе побара воведување на санкции против Иран по обидот за напад на иранската разузнавачка служба на данската територија, соопшти данскиот министер за надворешни работи, Андерс Семјуелсен.

Тој исто така наведе дека ќе го повика амбасадорот на Данска во Техеран и ќе разговара со него, објави „Ројтерс“.

Властите во Копенхаген вчера објавија дека постојат докази оти иранската разузнавачка служба планирала да го убие лидерот на данскиот огранок на Етничкото арапско сепаратистичко движење од Иран.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП