2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Скопје за една година собрани 3.060 кубни метри отпад од диви...

Во Скопје за една година собрани 3.060 кубни метри отпад од диви депонии

Вкупно 3.060 кубни метри отпад биле расчистени од екипите на ЈП „Комунална хигиена“- Скопје во период од една година, односно од октомври 2017 до октомври 2018, соопшти Абдусамед Шабани, директор на ова јавно претпријатие.

Според него, ваквите податоци претставуваат значително зголемување од дури 716 отсто во однос на истиот период лани.

„Апелираме до граѓаните својот отпад да престанат да го одлагаат на јавни површини бидејќи на тој начин директно влијаат врз загадувањето на животната средина“, изјави Шабани.

Според Законот за јавна чистота, комуналниот отпад смее да се одлага само во контејнерите и кантите поставени од страна на ЈП „Комунална хигиена“, додека претпријатието им ја нуди можноста на граѓаните својот кабаст отпад (застарен мебел, електронски и електрични апарати) бесплатно да го депонираат во Центрите за селекција на отпадот во Карпош и во Вардариште, како и во претоварната станица во Шуто Оризари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП