2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнтензивно се гради хидросистемот Конско

Интензивно се гради хидросистемот Конско

Министерството за земјоделство, шумарсто и водостопанство интензивно работи на изградбата на хидросистемот Конско кај Гевгелија, кој ќе обезбеди дополнителни количини вода за наводување на обработливите површини во овој регион.

Во моментов во гевгелискиот регион има вода за наводнување на само 1.500 хекатри. Со изградбата на три подсистеми на оваа брана ќе се наводнуваат околу 8.000 хектари плодно обработливо земјиште. Изградбата на овој хидросистем претставува најголем инфраструктурен зафат во овој регион изминативе 50 години. Висината на оваа инвестиција изнесува 40 милиони евра, обезбедени од буџетот на МЗШВ, информираше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски кој беше во посета на изградбата на хидросистемот Конско кај Гевгелија.

Во оваа фаза од градежните активности градилишната населба, амбуланта и теренска лабораторија се веќе во функција. Комплетирана е дробилицата за камен, кој ќе служи за производство на 4 потребни фракции. Интензивно се работи на изградбата на контролна галерија и преливниот објект.

Во делот на контролната галерија, извршено е бетонирање на долниот дел на почетната кампада, извршено е бетонирање на долен дел и поставени цевки за инектирање на цела десна страна, и започнато е бетонирање на почетните кампади на лева страна. Во напредна фаза се и градежните работи Преливниот објект, односно завршена е изведба на Широк ископ, бетониран е долниот дел на собирниот канал и започната е изработка на брзотокот.

Освен за наводнување, водите од акумулацијата Конско и протечните води ќе се користат и за производство на електрична енергија, а ова езеро ќе поттикне нова туриститчка понуда на Гевгелија и услови за развој на риболовниот спорт и рекреација. Браната Конско се наоѓа веднаш под излетничко-рекреативниот локалитет Смрдлива Вода на Кожув и ќе се протега на околу 8,5 километри низводно, оддалечена 20-тина километри од Гевгелија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП