6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШилегов: Двојно поголем број казни за загадувачите од лани

Шилегов: Двојно поголем број казни за загадувачите од лани

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, на денешната дваесетта седница на Советот на Град Скопје ги информира советниците за активностите на градскиот инспекторат во насока на намалување на загадувањето преку интензивираните контроли и дежурства. Тој рече дека во изминатиов период се изречени двојно поголем број казни во однос на истиот период лани.

„Сериозно ги интензивиравме активностите на инспекциските служби и во месец септември изречени се 132 мандатни казни при контрола и надзор на капацитети коишто работат со Б-лиценци и се во наша надлежност, при контролите на градежни објекти, како и на лица кои несоодветно го третирале отпадот. Интензивните активности продолжија и овој месец, и досега во месец октомври изречени се 220 опомени и 137 мандатни казни“, рече градоначалникот Шилегов.

Тој додаде дека инспекторите на Град Скопје извршуваат и редовен инспекциски надзор на правни субјекти – инсталации кои подлежат на Б-интегрирана еколошка дозвола. Согласно со извештаите, правните субјекти редовно доставуваат резултати од мерења со кои се задолжени во самата дозвола, бучава, ПМО-честички, испитување на вода во реципиент. Дополнително, додаде тој, инспекциските служби вршат интензивна контрола на градилиштата во Скопје.

„Во периодот на месец октомври на територија на Град Скопје е извршена засилена контрола на градилиштата во сите општини во Скопје. Во овој период извршени се контроли на повеќе од 50 локации каде што се вршат градежни активности, при што на изведувачите им се укажува да не се излегува од градилиштата на улица со камиони со валкани тркала и непокриени со церади. Во периодот што следува ќе продолжат засилените контроли и доколку се констатира прекршување на законот, ќе следуваат соодветни казни за правните и за физичките лица“, додаде градоначалникот Шилегов.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП