4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Економските загуби од природните катастрофи

График на денот: Економските загуби од природните катастрофи

Во почетокот на месецот ураганот „Мајкл“ предизвика разурнувања при преминувањето на брегот на Флорида во САД, така што предизвика смрт на најмалку 19 лица, ја прекина електричната енергија и разурна куќи до темели.

При достигнувањето до копното бурата стана ураган од четврта категорија, еден од најсилните, кои некогаш се забележани на американското копно со брзина на ветрот од 250 км/ч.

Заедно со човечките загуби, ураганот, исто така, придонесе и за значителни финансиски штети. „Accuweather“ проценува дека тие можат да достигнат 30 милијарди долари. Последниот извештај на Агенцијата на ОН за намалување на ризикот од катастрофи покажа дека економските загуби од природни катастрофи нагло се зголемија во последните дваесет години, коментира „Statista“.

Природните катастрофи поврзани со климатските промени, како бури, суши, поплави и топлотни бранови нанеле загуби на економијата во вредност 895 милијарди долари меѓу 1978-ма и 1997-ма година. Во двадесетгодишниот период меѓу 1998-ма и 2017-та година тие се зголемиле за 151% на 2,25 илјади милијарди долари.

Во истиот период, САД претрпе најголема економска загуба од 944,8 милијарди долари, по што следи Кина со 492,2 милијарди долари.

Во почетокот на месецот на меѓувладиниот панел на ОН за климатските промени објави уништувачки извештај за влијанието од глобалното затоплување. Во него се открива дека светот имал само 12 години за да ја одржи температурата до максимум од 1,5 Целзиусови степени. Без итна акција и без преседан промени, ризикот од природни катастрофи поврзани со климата ќе биде значително поголем по овој период.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП