27 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПрестојот во природа почна да се препишува како лек

Престојот во природа почна да се препишува како лек

Одамна се знае дека природата е најдобриот психијатар, но сега тоа го потврдија и лекарите во Шкотска, кои во иднина ќе имаат право на своите пациенти да им препишат престој во природа како лек.

Имено, докторите од Шетланд ќе ја тестираат првата програма од ваков вид во Обединетото Кралство, со цел намалување на анксиозноста и на високиот крвен притисок на ниво на целото население. Природата, исто така, треба да им помогне и на оние кои страдаат од дијабетес, ментална болест, стрес и срцеви заболувања.

Всушност, се препишуваат голем број активности кои треба да им помогнат на пациентите, па од уметност на плажа, преку собирање природни материјали и шетање куче во природа, како и правење живеалишта за инсекти, пациентите ќе имаат полни раце работа.

Неколку студии покажаа дека 90 минути дневно минати во природата ја зголемуваат активноста на мозокот и ја намалуваат депресијата. Покрај тоа, се регулира крвниот притисок, а се јакне и имунолошкиот систем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП