6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНаскоро поевтин роаминг во регионот

Наскоро поевтин роаминг во регионот

Црногорската агенција за електронски комуникации и поштенски услуги (ЕКИП) го пресметала намалувањето на цените на роамингот во регионот на Западен Балкан во планот за приходите од 2019 година.

ЕКИП ќе заработи 4,32 милиони евра следната година, што е 3,51 отсто помалку од планот за приходите оваа година, според работниот план на оваа институција за 2019 година.

Според Дигиталната агенда за земјите од Западен Балкан и со посредување на Европската комисија, се очекува до април 2019 година да се постигне согласност и да се потпише нов договор за намалување на цените на роаминг услугите помеѓу сите земји од Западен Балкан, пишува во работниот план на ЕКИП а пренесува веб-сајтот Cdm.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП