Министерствотото за земјоделство шумарство и водостопаство во соработка со Здужението „Вина од Македонија“ продолжуваат со промоција на македонското вино во светот. Минатата недела одржани се промоции во САД и Сингапур, а на почеток на ноември ќе се одржи промоција и во Данска.
Промотивните настани во САД се одржаа во Њујорк, Њу Џерси и Чикаго каде оваа година седум македонски винарници (Тиквеш, Стоби, Далвина, Бовин, Камник, Попов и Езимит) заеднички ги презентираа своите вина пред дистибутери, увозници, ХОРЕКА и други професионални купувачи на вино на пазарот во САД. И оваа година при преставувањето на македонските вина посебен акцент е ставен на соратата Вранец, како најголем репрезент на македонките вина, и беше организирана Мастерклас презентација за Вранец кој ја водеше реномираниот вински сомелиер Роџер Бисел.
Промотивните настани се финансиски поддржан и оваа година од МЗШВ преку програмата за поддршка на руралиот развој за 2018 година. Овие настани во САД кои во континуитет се организираат во последните 6 години придонесоа за постепен влез на пазарот на повеќе македонски винарии и се од особено значење и за градење на препознатливност на македонските вина на овој пазар, а со тоа обезбедување на влез и поголем удел на пазарот..
Пазарот на САД е најголем увозник на интернационални вина кој опфаќа 17.2% од вкупнот увоз на вина во светот со вредност од 6.2 милјарди американски долари, со што е оценет и како еден од пазарите со најголем потенцијал за македонското вино и извозот на македонските винарии на овој пазар секоја година повеќекратно расте. Истовремено според податоците за извоз, македонското флаширано вино на овој пазар постигнува најголема извозна просечна цена по единица производ (4.1 евра за 0.75л) и каде се остварува вкупен девизен прилив до 800.000 евра.
Промотивните настани на македонското вино во Сингапур под слоганот „Богатство од стариот свет“ беа специјално наменети за промоција на македонските вина, каде посетителите имаа можност да ги дегустираат најквалитетните вина од повеќе македонски винарии.
На промоцијата присуствуваа сомелиери и претставници од најголемите дистрибутери на вино од Азија, што претставува добра можност за отварање на нови пазари и зголемување на извозот на македонското вино. Сингапур е една од најразвиените земји во светот со увозна вредност на вино од 250 милиони евра годишно.
Целта на овие промотивни настани е градење препознатливост на македонското вино и остварување контакт со потенцијални увозници и дистрибутери со цел поголем извоз на македонското вино на овие пазари и токму поддршката и организацијата на овие промотивни настани даваат позитивни резултати во делот на градење на брендот и имиџот на македонското вино.