3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЏеф Безос постави рекорд, изгуби 19,2 милијарди долари за два дена

Џеф Безос постави рекорд, изгуби 19,2 милијарди долари за два дена

Основачот на „Amazon.com“ и најбогатиот човек во светот, Џеф Безос изгуби 19,2 милијарди долари од своето богатство само во последните два работни дена (петок и понеделник).

Ова е нов рекорд за дводневен пад на богатството на еден од најбогатите луѓе во светот, според индексот на милијардери на „Bloomberg“.

Тековниот рекорд го држеше ко-основачот на „Facebook“, Марк Цукерберг, кој загуби 16,5 милијарди долари во јули за два дена, откако компанијата објави пониски резултати, отколку што се очекуваше од аналитичарите.

Во вчерашната сесија, „Amazon.com“ изгуби 6,3% од својата вредност по загубата од 7,8% во петокот.

Падот го намали богатството на Безос на 128,1 милијарди долари од неговиот досегашен максимум од 167,7 милијарди долари на почетокот на месецот.

Вчера се случија големи загуби и за мексиканскиот милијардер Карлос Слим, од 2,5 милијарди долари.

Бил Гејтс, вториот најбогат човек во светот, објави пад од 558,3 милиони до сегашните 92,8 милијарди долари. Неговата компанија „Microsoft“, на крајот од минатата недела, го надмина „Amazon“ како втора најскапа компанија во светот по „Apple“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП