20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПроменливо облачно и ветровито, попладне дожд

Променливо облачно и ветровито, попладне дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно и ветровито, претпладне со повеќе сончеви периоди.

Попладне ќе има локални врнежи од дожд кои во западните подрачја ќе имаат пороен карактер и на места ќе бидат проследени со грмежи. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, па поради транспорт на прашина од Африканскиот континент можна е локална појава на обоен дожд. Максималната температура ќе достигне од 19 до 24 степени.

Во Скопје променливо облачно, претпладне со сончеви периоди. Попладне и во Скопската котлина ќе има локален дожд. Ќе дува умерен, околу пладне повремено засилен јужен ветер. Температура до 23 степени.

Од утре следува период на умерено облачно и топло време со температури кои и понатаму ќе бидат над просекот за овој период од годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП