2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВелика Британија со посебна монета ќе го одбележи излегувањето од ЕУ

Велика Британија со посебна монета ќе го одбележи излегувањето од ЕУ

Велика Британија ќе го одбележи своето заминување од Европската Унија со издавање на специјална монета во текот на следната година, објави „Сан“.

Според весникот, шефот на трезорот, Фил Хемонд, подоцна денеска ќе го објави издавањето на специјалната монетa во вредност од 50 пени, пренесе агенцијата АП.

На монетата ќе пишува „Пријателство со сите нации“ и ќе биде издадена на 29 март кога Британија треба да го напушти Европскиот блок по 45 години членство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП