19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФИТР подготвува системско решение при аплицирање за финансиска поддршка

ФИТР подготвува системско решение при аплицирање за финансиска поддршка

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) подготви Предлог протокол за постапување при проценка на ризик за компании апликанти од аспект на поврзаност со носителите на јавни функции и нивно влијание за кој најавува дека ќе организира јавна презентација и дискусија.

Целта на оваа иницијатива, како што информираа денеска од ФИТР, е дополнително зајакнување на кредибилитетот и транспарентноста на процесите на доделување на јавни фондови за сите инструменти на ФИТР.

– Фондот сака да постави системско решение кое ќе се применува при аплицирање за сите инструменти за финансиска поддршка. Целта е да се направи проценка на ризици кај компании апликанти, од аспект на поврзаност со носители на јавни функции и нивно влијание, соопшти ФИТР кој повикува во активностите да се вклучат експертската јавност, бизнис заедницата и медиумите.

Предложениот документ ќе биде достапен за коментари и предлози на пошироката јавност во рок од 15 дена, по што надлежната работна група ќе го изработи завршниот документ кој потоа ќе биде усвоен од страна на ФИТР.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП