18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвиолинија Скопје – Атина од четврток

Авиолинија Скопје – Атина од четврток

На Скопскиот аеродром в четврток (1 ноември) во 18 часот ќе биде одбележано воспоставувањето на директни летовите помеѓу Скопје и Атина од страна на грчката авиокомпанија „Aegean Airlines”, најави денеска ТАВ Македонија, концесионер на аеродромите во Скопје и воп Охрид.

На настанот се најавени обраќања на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, директорот за земски операции во Aegean Airlines Панос Николаидис и на генералниот директор на ТАВ Македонија Алпер Ерсој.

На новата авиолинија, согласно зимскиот ред на летање, ќе се реализираат летови двапати неделно, секој четврток и вторник.

Како што објави претходно МИА според информации од Атина, Скопје и Атина ќе ги поврзе авион на „Олимпик ер“, подружница на „Aegean Airlines”, а летовите ќе бидат со авион „кју400“ со капацитет од 78 патници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП