27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУниверзитети кои произведуваат милијардери

Универзитети кои произведуваат милијардери

studenti1

Првиот сигурен чекор на патот до успешната кариера и милијардите на банкарската сметка е образованието. И тоа не било како образование и не било каде.

Ова е листата на 10 универзитети на кои дипломирале најмногу милијардери:

10. Кембриџ е единствениот универзитет на стариот континент, односно единствениот не-американски, со традиција за образување на милијардери. Според статистиката, на Кембриџ дипломирале 11 милијардери и кога ќе се собере нивното богатство, тоа изнесува околу 48 милијарди долари. Универзитетот постои од 1209 година.

kembridz1

9. Јеил – од овој универзитет излегле 13 милијардери и сите заедно досега заработиле 77 милијарди долари. Јеил се наоѓа во американскиот град Њу Хевн, Конектикат и постои од 1701 година, со што, тој е третиот најстар универзитет во Америка.

jeil1

8. Саутерн Калифорнија – овој универзитет има најмногу странски студенти од сите американски универзитети и до сега од него излегле 14 милијардери, тие заедно досега заработиле 32 милијарди. Ова е универзитет „од соништата“, а причината за тоа е Лос Анџелес, елитниот дел од Америка. Саутерн Калифорнија има најбогата спортска историја, а неговите студенти имаат освоено 287 олимписки медали.

sauternkal1

7. Корнел Универзитетот е њујоршки универзитет кој постои 150 години, од тука произлегле 14 милијардери и 41 нобеловец.

coronel1

6. Масачусетс –институтот за технологија може да се пофали со 15 милијардери и нивното богатство во вредност од 114 милијарди долари, како и 78 совршени студенти кои се одликувани со Нобелова награда.

masachusets1

5. Колумбија Универзитетот може да се пофали со 15 милијардери и три американски претседатели.

columbiauniver1

4. Њујоркшкиот Универзитет е приватен универзитет. Неговите студенти се наградувани со Нобелова награда, нивниот број изнесува 36, а милијардерите кои произлегле од овој универзитет се вкупно 17.

newyorkuni1

3. Стенфорд Универзитетот е познат по претприемачкиот дух. Тој се наоѓа во Калифорнија и од него излегле 27 милијардери.

stanforduni1

2. Пенсилванија Универзитетот се гордее со 28 милијардери и со нивното богатство од 112 милијарди долари. Тој е основан од Бенџамин Френклин во 1740 година.

penn1

1. Престижниот Харвард е најдобриот помеѓу останатите, тој може да се пофали со 52 милијардери кои дипломирале тука и заработиле 205 милијарди долари. На овој универзитет студирале осум американски претседатели и 75 добитници на Нобелова награда.

harvard1

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП