29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCroatia Airlines ќе го зголеми акционерскиот капитал

Croatia Airlines ќе го зголеми акционерскиот капитал

croatia1

На Генералното собрание на „Croatia Airlines“, помеѓу многуте предлози и нешта за кои ќе се преговара во врска со работењето на оваа компанија, ќе се одлучува и за зголемување на акционерскиот капитал и издавањето на нови акции.

Акционерскиот капитал би требало да се зголеми од 1.852.202.900 куни (248.755.159 евра), за 126.282.000 куни (16.959.966 евра), на износ од 1.978.484.900 куни (265.715.125 евра), со издавање на 631.410 обични акции, со номинална вредност од 200 куни (26 евра) за секоја.

Како што е наведено, зголемувањето на капиталот ќе се врши според улогата на правата, имено правото на побарување во согласност со договорот за инвестирање помеѓу Република Хрватска и „Croatia Airlines“ и договорот помеѓу Аеродромот во Загреб и „Croatia Airlines“.

Главното собрание ќе биде одржано на 16 јули, се вели во соопштението на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП