27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталија успеа да избегне втор пад на рејтинзите за една недела

Италија успеа да избегне втор пад на рејтинзите за една недела

Италија успеа да избегне второ намалување на рејтингот во рок од една недела, откако 2S & P Global Ratings“ не ја намали оценката, а само прогнозата за кредитоспособноста на земјата, соопштува „Bloomberg“.

Мерката, макар и не така драстична, колку што беше очекувано, сепак ја изложува Италија на ризик за намалување на рејтингот. Оценката „ВВВ“, која е само две оценки над „ѓубре“, веќе е со негативна прогноза, објавија во соопштението од „S & P“.

Само пред една недела од „Moody’s Investors Service“ ја намали оценката на земјата до само еден степен над непогодна за инвестиции, иако ја задржи прогнозата „стабилна“.

Пред оценките на „S & P“ и „Moody’s“ од „ING Groep NV“ прогнозираа дека приносот на 10-годишните италијански државни хартии од вредност во однос на германскиот репер може да се намали до 250 базични поени, особено ако биде постигнат компромис меѓу Рим и Европската унија за италијанскиот буџет.

„Економската и буџетска политика на италијанската влада се одразува на изгледите за раст на земјата“, се вели во соопштението на „S & P“, каде не исклучуваат да ја намалат оценката во следните месеци.

„Планираниот од владата економски и буџетски пат ја „поткопа“ довербата на инвеститорите“, вели агенцијата, која прогнозира за 2019-та година повисоки буџетски долгови (2,7 проценти од БДП-то) од констатираните од Рим (2,4 проценти).

„S & P“ исто така очекува дека италијанскиот долг ќе се задржи на 128,5 проценти од БДП-то во наредните три години.

Оценката на „S & P“ доаѓа по неделата на судири меѓу италијанската влада и Европската комисија. Брисел го отфрли нацрт буџетот на Рим за 2019-та година – невидена одлука во историјата на блокот. Сепак според премиерот Џузепе Конте земјата нема „план Б“ за фискалната програма.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП