3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЛетувајте безбедно, заштитете ги вашите уреди и податоци

Летувајте безбедно, заштитете ги вашите уреди и податоци

Using-Cell-Phone-and-Lapt-006

Доколку ова лето имате во план да одите на одмор, тогаш имате причина да продолжите да го читате овој текст

Без сомневање во вашиот багаж ќе се најде и вашиот паметен телефон, таблет или камера се со цел да ги забележите сите интересни моменти од одморот кои со нетрпение ќе сакате да ги споделите со вашите пријатели на интернет.

Поголемиот дел од нас по пристигнувањето не се распакуваат, туку веднаш бараат интернет конекција. Роамингот е скапа опција, па бесплатниот „Wi-Fi“ интернет е најевтино решение за поголемиот дел од туристите. Ова е вообичаено сценарио, но е ризично од многу причини.

Еве неколку препораки од „Kaspersky Lab“ кои ќе ви бидат од помош за да се избегне вашиот одмор да стане незаборавен, поради тоа што сте го загубиле паметниот телефон или некој ви го превземал „Facebook“ или „Twitter“ профилот.

Заштитете се од крадење на уредот.

Губењето на паметниот телефон, таблет или лаптоп е голема грижа за корисниците за време на патувањата. За да ги заштитите своите податоци, а меѓу нив и оние кои се поврзани со вашата сметка во банка, уредите  кои имаат такви податоци мораат да бидат физички обезбедени. Нормално неможете да влезете во вода со телефонот врзан за рака, но некои мерки за заштита на уредите можете да ги превземете. Можете да активирате „GPS“ следење за да можете да го пронајдете изгубениот или украде телефон, но и да овозможите далечинско бришење на податоците, што ви го овозможуваат одредени програми како што е „Kaspersky Mobile Security“. На истиот начин можете да го заштитите и таблетот и лаптопот.

Заклучувајте го екранот со лозинка.

Со овој чекор можете да избегнете некој да има физички пристап до вашиот уред, а со тоа и до вашите податоци.

Лаптопи, камери, паметни телефони и таблети.

Сите овие уреди се подеднакво подложени на безбедносни ризици. Сајберкриминалците често ги шпиунираат јавните мрежи за да пронајдат некои податоци кои се пренесуваат, вклучувајќи ги и податоците за пријавување на „online“ банкарските сметки, лозинки и друго.

„VPN“ конекција.

Поставете своја „VPN“ конекција и користете ја додека се поврзувате на јавно „Wi-Fi“ или хотелски интернет. Сајберкриминалците често го користат хотелскиот интернет за злонамерни активности.

Бидете внимателни кога користите отворено „Wi-Fi“.

Кога користите „Wi-Fi“ на аеродром или во кафуле побарајте од некој од вработените да ви каже информации за пристапните точки, вклучувајќи го нивното име и „IP“ адреса. Криминалците некогаш креираат јавни „Wi-Fi“ конекции со име слично на тоа кое што го имаат објектите кои нудат бесплатен бежичен интернет.

Сокрите го вашиот идентитет.

Кога користите јавно „Wi-Fi“ не се пријавувајте на интернет страни на кои би можеле да го откриете вашиот идентитет или вашите лични податоци, како што се „Facebook“, „Twitter“, страни на банките или страни кои чуваат инфромации за вашата кредитна картичка. Доколку морате да се вклучите на некоја од овие страни користете го мобилниот интернет.

Користете реномирани антивирусни програми.

Постојат многу видови лиценцирани антивирусни програми кои доколку ги имате во вашите уреди ќе ви бидат од корист да се заштитите од злонамерните напади на хакерите.

 Внимавајте од каде се приклучувате на вашите банкарски сервиси.

Немојте да ги користите „online“ банкарските сервиси, личните профили или „online“ купување во интернет-кафе, на аеродром, во клубови, хотели или библиотеки. Овие компјутери може да имаат некои шпиунски програми кои може да следат и бележат што пишувате на тастатурата и како го користите интернет сообраќајот.

Гасете ја „Bluetooth“ конекцијата.

Доколку  „Bluetooth“ конекцијата не ви е потребна исклучете ја за да спречите други да дојдат до вашите податоци.

Решение.

Доколку навистина ви е потребен интернет за време на вашето летување или патување најдобро решение за да се заштитите е да земете припејд картичка од некој од мобилните или интернет оператори кои ги имаат 3G/4G мрежите и со тоа ќе имате ваша лична конекција. Така ќе ги избегнете можностите некој да ги украде вашите лични податоци, но и да ги избегнете големите телефонски сметки кои може да ги направите доколку разговарате или користите интернет во роаминг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП