4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗToyota Corolla е број 1 во светот

Toyota Corolla е број 1 во светот

„Toyota Corolla“ е најпродаваниот автомобил во светот во првите седум месеци од годината, покажува статистиката за продажбата. Јапонскиот глобален модел оствари продажба на 816.748 примероци, што е доволно за првото место, но е и достигнување со 3,4% помалку од истиот период од минатата година.

Втората позиција го зазема моделот од семејство „F“ на „Ford“, каде ѕвезда е „F-150“ со 722.566 примероци (зголемување за 7,2 проценти во однос на 2017-та) и треторангираниот „Volkswagen Golf“ со 572.772 примероци и раст од 1,9 проценти.

Од 2009-та година наваму светскиот пазар расте со 2-3 проценти годишно, а за последните 5 години глобалната продажба се зголеми од 80 милиони на 94 милиони автомобили. Прогнозата за 2018-та година е дека вкупната продажба на глобално ниво ќе достигне 98 милиони, а во 2019-та ќе надмине 100 милиони.

Најегзотичните примероци меѓу најпродаваните автомобили во светот се „Wuling Hongguang“ (28-то место), „Baojun 510“ (36-то место) и „Geely Boyue“ (66-то место), а тие се присутни главно на кинескиот пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП