18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОдносите меѓу Кина и Јапонија на историска пресвртница

Односите меѓу Кина и Јапонија на историска пресвртница

Кина и Јапонија денеска ветија дека ќе ги зајакнат односите додека двете земји се наоѓаат на „историска пресвртница” и потпишаа низа договори, вклучувајќи го и договорот за размена на валути во вредност од 30 милијарди долари во екот на растечките трговски тензии со Вашингтон.

Јапонскиот премиер Шинѕо Абе и кинескиот премиер Ли Кечијанг, исто така, се согласија дека двете земји ќе соработуваат во постигнувањето на денуклеаризацијата на Корејскиот Полуостров.

Договорите беа постигнати за време на тридневната посета на јапонскиот премиер Абе на Пекинг додека двете земји се обидуваат да прошират нови области на соработка и бараат нови начини за докажување на кревката доверба.

Јапонски компании, вклучувајќи ги големите автомобилски компании како Тојота се надеваат дека ќе се нормализираат односите со Кина, за да можат да се натпреваруваат со американските и европските ривали, додека Пекинг очекува дека Токио ќе ги поддржи нивните амбициозни иницијативи за транспорт за кои кинескиот претседател Кси Џинпинг се надева дека ќе ги зајакнат трговските односи и транспортот со други земји.

Абе исто така, рече дека Токио е „одлучен” во тоа да се нормализираат односите со Пјонгјанг, но само ако се исполнети условите, вклучувајќи ги денуклеаризацијата и ослободувањето на киднапираните јапонски граѓани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП