20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА11 земји во светот, каде што до 5 години ќе има над...

11 земји во светот, каде што до 5 години ќе има над 1 милион милионери

По 5 години во светот ќе има 11 земји каде што бројот на милионери ќе надмине 1 милион лица во споредба со сегашните 9, се вели во новиот извештај на „Credit Suisse“.

Ако денес во САД има 17,35 милиони луѓе со средства над 1 милион долари, тие ќе се зголемат на 20,478 милиони за 5 години. Сепак, растот од 18% во овој период е далеку помал од зголемувањето, што треба да се случи во Кина (62%).

Така, по 5 години во земјата со најголем број на жители во светот ќе има 5.647 милиони богати луѓе, а третата позиција во рангирањето ќе биде за Јапонија со 3,769 милиони лица.

Повеќе од 3 милиони ќе бидат милионери до 2023-та година, дури и во Велика Британија, каде што растот се очекува да изнесува 30 отсто, како и во Германија и Франција, каде што зголемувањето на богатството ќе биде со 41 отсто и 40 отсто, соодветно.

Втората земја во светот која ја легализира марихуаната, Канада, ќе се рангира на шестото место во 2023-та година со вкупно 1.991 милионски милионери, пред Австралија и Шпанија.

Двете нови дополнувања во клубот на земји со над 1 милион милионери ќе бидат Шпанија и Јужна Кореја, додека во Швајцарија ќе живеат 988.000 луѓе со средства од над 1 милион долари.

Сериозен раст исто така се очекува меѓу богатите во Русија – 100%, на 172 илјади.

До 2023-та година, светот ќе има 201.000 луѓе со над 50 милиони долари, што е 55.000 повеќе од средината на 2018-та година, од каде се сегашните податоци.

Половина од нив ќе бидат од Северна Америка, а 40.000 и 33.000, соодветно, ќе бидат од Азија и од Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП