9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУзелац: Иновациите ја поткреваат економијата, еден патент може да донесе пари колку...

Узелац: Иновациите ја поткреваат економијата, еден патент може да донесе пари колку еден буџет

Во Македонија, и институциите и бизнисот треба да обрнат повеќе внимание на иноваторството. Креативноста и иновациите се нешто што ја поткрева економијата, а еден добар патент може да обезбеди средства колку еден годишен буџет на Република Македонија.

Ова го истакнува претседателот на Националната асоцијација на пронаоѓачи во Македонија во интервју за МИА, кој посочува дека годинава, преку асоцијацијата, македонските иноватори успеаја своите пронајдоци да ги претстават на шест саемски манифестации, каде што добија златни медали.

– Во Македонија имаме една мала криза во однос на иноваторството. Ова повеќепати е истакнато. Во 2006 година имавме околу 340 иновации, домашни патентни пријави од наши домашни иноватори, за таа бројка да падне на 29 во 2016 година. Тоа е еден драстичен пад и во моментот кога забележавме дека македонското иноваторство оди надолу, дека дојде речиси до дното, Националната асоцијација се активираше максимално, почнавме со формирање здруженија, формиравме асоцијација и полека тој тренд почна да оди нагоре, вели Узелац и додава дека кај нас сѐ уште повеќе доминираат политичките збиднувања отколку она што треба да се форсира, а тоа е креативноста, иновациите, бидејќи без иновации нема ниту наука ниту економија.

Тој оценува дека некако нашите институции по однос на финансирање на иновациите се срамежливи и не се опуштаат во такво нешто. Сѐ уште, вели, иноваторството е на некој начин нешто фиктивно, нешто што за нив не е интересно, но додава и дека нашето стопанство генерално е паднато на многу ниски гранки, имаме мали и средни фирми што едноставно не можат да ги апсорбираат сите иновации што ги имаме.

Во интервјуто укажува на важноста од патентна заштита, која овозможува на една територија тој патент да има монополско право, односно не смее никој друг да го произведува освен тој што го заштитил.

Во моментов, информира дека во Македонија има дваесетина активни пронаоѓачи, а Националната асоцијација има повеќе од 100 члена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП