3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕП ја поддржа забраната за користење на пластика за еднократна употреба

ЕП ја поддржа забраната за користење на пластика за еднократна употреба

Европскиот парламент на годишната сесија во Стразбур ја подржа забраната за употребата на пластични производи за еднократна употреба во рамките на Европската унија, со цел да се запре загадувањето на океаните, пренесува порталот БХРТ.

571 пратеник гласаше за забраната, додека 53 членови на Европскиот парламент гласаа против овој предлог.

Пратениците ја поддржаа забраната за употреба на пластични прибори за јадење, каде спаѓаат пластичните чинии, стапчињата за чистење уво, сламки за пиење и пластични стапчиња за балони.

Нацрт-законот за забрана, исто така, предвидува намалување на употребата на пластиката за еднократна употреба во амбалажите за храна и пијалаци, како што се пластичните чаши.

Неименуван претставник на Европската унија изјави дека доколку не се преземе нешто до 2050 година, во океаните ќе има повеќе пластика од риби.

Во мај, Европската комисија предложи забрана, за која Европската унија се надева дека ќе стапи на сила до 2021 година.

Научниците велат дека околу 150.000 тони пластика се фрлаат во европски води дневно, кои со помош на струите во водата патуваат на долги растојанија. Штетното влијание на пластиката врз животот во морето предизвикува рибите и големите водни цицачи да умрат поради загадувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП