2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПо добрите резултати за кварталот, Boeing ги зголеми прогнозите за 2018-та

По добрите резултати за кварталот, Boeing ги зголеми прогнозите за 2018-та

Акциите на „Boeing“ поскапеа за 4,7% во средата, откако компанијата објави подобри резултати за третиот квартал, пренесе „CNBC“. Друштвото ја зголеми и прогнозата за добивка за 2018-та година, која се очекува да достигне рекордно високо ниво.

Американскиот производител на воздухопловна техника предвиде приспособен профит од 3,58 долари по акција, со што ја надмина прогнозата на „Wall Street“ со 11 центи. Приходите за третиот квартал изнесуваа 25,15 милијарди долари, што е за 1 милијарда долари над очекувањата на аналитичарите.

„Boeing“ ја зголеми прогнозата за добивка за целата 2018-та година до опсегот 14,90-15,10 долари по акција во однос на претходните очекувања за 14,30-14,50 долари. Приходите на компанијата пак за прв пат може да ја преминат границата од 100 милијарди долари.

Во ова лето „Boeing“ склучи договори за воена техника од милијарди долари, за кои главниот извршен директор на компанијата Денис Муленбург рече дека новите довори се важен дел за идниот развој на компанијата.

Во сегментот на авијацијата „Boeing“ доставил 190 авиони во третиот квартал, а општо за годината нивниот број достигнува 568 летала. Бизнис единицата не ги достигна очекувањата во вториот квартал, но во својот последен извештај за работењето на компанијата се наведува дека ќе достави барем 810 авиони во оваа година. „Boeing“ продолжува да се зголемува производството, така што се стреми да стигне до клучната цел од 52 авиони месечно.

Околу една третина од нарачките на компанијата доаѓаат од Кина, но аналитичарите велат дека засега нема повод за загриженост во контекст на трговската војна меѓу Вашингтон и Пекинг.

Акциите на „Boeing“ поевтинуваат за 2,3% во последните три месеци, но на годишна база забележуваат раст во цената 18,7%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП