22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПорасна цената на нафтата на меѓународните пазари

Порасна цената на нафтата на меѓународните пазари

Цените на нафтата се зголеми  на меѓународните пазари и достигнаа цена во близина од 77 долари, со оглед на фактот дека фокусот на трговците во последно време повторно се префрли на претстојните американски санкции врз Иран, па загриженоста околу слабиот изглед за побарувачката падна во втор план.

На пазарот во Лондон, цените на барел пораснаа за 52 центи односно на 76,96 долари, во споредба со претходното затворање.

Во вторникот, Лондон го затвори тргувањето со минус 3,39 долари.

Цената на американскиот пазар за барел има исто така повисока цена односно изнесува 67,08 долари.

Во вторникот, американскиот пазар го затвори тргувањето со минус 2,93 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП